12 Мај, 2024
0.0275

15-те земји со највисок стандард на живот во светот

Објавено во: Свет 17 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Кои се најдобрите места за живот во светот? Организацијата за економска соработка изготви листа за 15-те земји во кои стандардот е највисок. При оценувањето се воделе од 11 критериуми, меѓу кои средни приходи, станбени услови, ниво на вработеност, образование, екологија, траењето на животот и други.

Интересно е дека 10 од земјите се наоѓаат во Европа. Видете кои се топ 15:

15. Ирска

Просечен годишен приход на домаќинство: 24 104 долари

Ирците поседуваат силно чувство за колективизми. 95% од граѓаните на земјата велат дека би помогнале на човек кој има потреба. Ирска поседува и висок рејтинг во категоријата „рамнотежа помеѓу вработување и приватноста“.

14. Луксембург

Просечен годишен приход на домаќинство: 23 047 долари

Земјата освои висок рејтинг во категориите „здравство“ и „Екологија“, бидејќи просечниот животен век достигнува 81 години, а нивото на атмосферско загадување е минимално. Граѓаните на Луксембург активно учествуваат во политичкиот живот на земјата: 91% од населението гласале на избори.

13. Австрија

Просечен годишен приход на домаќинство: 28 852 долари

Австрија е високо ценета во категоријата „образование“. 82% од граѓаните меѓу 25 и 64 години се најмалку со средно образование. Голем дел потоа завршуваат и високо. Една од причините за тоа се цените за обука кои се симболични во државните универзитети. Австријците имаат и силно чувство за припадност кон општеството. 94% од населението верува дека може да помогне на друг кој има потреба.

12. Финска

Просечен годишен приход на домаќинство: 25 739 долари

Финска исто како Австрија постигнува одлични резултати во образованието. Граѓаните декларираат огромно задоволство од животот. 82% од населението тврдат дека во секојдневниот живот имаат повеќе позитивни емоции отколку негативни. Не ли е тоа сонот на секој?

11. Нов Зеланд

Просечен годишен приход на домаќинство:долари 21 892

Нов Зеланд е најактивна од било која друга земја во светот, користејќи обновливи извори на енергија. Новозеландските ученици се исто така на високо образовно ниво.

10. Британија

Просечен годишен приход на домаќинство: 23 047 долари

85% од Британците тврдат дека денот им е исполнет повеќе со позитивни емоции. Просечниот животен век во земјата изнесува 81 години. 91% од населението е задоволно од квалитетот на водата за пиење - друг клучен критериум во рангирањето.

9. Исланд

Просечен годишен приход на домаќинство:  23 047 долари

Исланѓаните имаат силно чувство за припадност кон заедништвото. 98% од граѓаните веруваат дека можат да се потпрат на некого во тежок час. Во Исланд воздухот е многу чист. 97% од населението е задоволно од квалитетот на водата за пиење.

8. Холандија

Просечен годишен приход на домаќинство: 25 493 долари

Работат само 1379 часа годишно. Нивото на образованието исто така е многу висок.

7. Данска

Просечен годишен приход на домаќинство:24 682 долари

Данска е на едно од првите места по показатели на "задоволство од животот". 89% од населението тврди дека има повеќе позитивни емоции во своето секојдневие. Данците исто така одржуваат висок рејтинг во категоријата "рамнотежа помеѓу работната активност и приватноста". Само 2% од населението тврди дека работи многу. Образованието во земјата, исто така е добро развиено. Во државните универзитети образованието е бесплатно.

6. САД

Просечен годишен приход на домаќинство: 38 001 долари

САД држи признание за највисок просечен приход на домаќинства. Американците поседуваат еден од најдобрите рејтинзи во категориите "домување" и "вкупно чувство за безбедност". Не е тешко да поверуваме, имајќи предвид дека законите се исклучително строги, но луѓето живеат добро.

5. Швајцарија

Среден годишен доход на домакинство: 30 060долари

86% од швајцарците поседуваат имаат барем средно образование. Училишното образование е на високо ниво. Просечната возраст на живот во земјата е 83 години. 95% од населението е задоволно од квалитетот на водата за пиење.

4. Норвешка

Среден годишен доход на домакинство: 31 459 долари

Норвежаните се дружељубив народ. 93% од граѓаните на земјата веруваат дека можат да се потпрат на некого во тешки моменти. Скандинавците имаат висок рејтинг во категоријата "рамнотежа помеѓу работата и личен живот". Само 3% од граѓаните сметаат дека работат премногу.

3. Канада

Просечен годишен приход на домаќинство: 38 194 долари

Канаѓаните се активни во политичкиот живот на земјата. Работат само 1702 часа годишно.

2. Шведска

Просечен годишен приход на домаќинство: 26 242 долари

87% од Швеѓаните имаат најмалку средно образование. Земјата поседува висок рејтинг во категоријата "екологија", а 95% од населението е задоволно од квалитетот на водата за пиење.

1. Австралија

Среден годишен доход на домакинство: 28 884 долари

Втора година по ред Австралија е на првото место меѓу најсреќните земји во светот. Земјата има висок рејтинг во категории како "здравство", "домување" и "граѓанска активност". Средината на животен век во Австралија е 82 години.

Можеби ќе ве интересира

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„ФАЈНЕНШЕЛ ТАЈМС“: Кина најде неочекуван сојузник во борбата против САД

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„БЕШЕ САМО ПРАШАЊЕ НА ВРЕМЕ КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ НЕШТО ЛОШО“: свиркач од Боинг предупреди: „знаеја за неуспесите, но сè чуваа во тајност“ (ВИДЕО)

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

„ТОЈ Е БУДАЛА“: Трамп со тешки зборови за Бајден на предизборниот митинг во Њу Џерси

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ГЕЈТС НАПРАВИЛ ПЛАН ЗА КРАЈОТ - Вака ќе го троши своето богатство, оставајќи само бакшиш за децата

ДАЛИ НАЈПОСЛЕ ЌЕ ИМА ВИСТИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА?: Мајкрософт подготви ривал за Google Play Store и App Store

ДАЛИ НАЈПОСЛЕ ЌЕ ИМА ВИСТИНСКА КОНКУРЕНЦИЈА?: Мајкрософт подготви ривал за Google Play Store и App Store

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ: Швајцарија собори два рекорда со победата на Евровизија, ама еден не е за пофалба

ШТО НАВИСТИНА СЕ СЛУЧИ: Швајцарија собори два рекорда со победата на Евровизија, ама еден не е за пофалба

ТОП 10 НАЈБОГАТИ ГРАДОВИ: Њујорк води, таму живеат 359.000 милионери и 60 милијардери

ТОП 10 НАЈБОГАТИ ГРАДОВИ: Њујорк води, таму живеат 359.000 милионери и 60 милијардери

ПОЗНАТА ФИРМА БАНКРОТИРА ПО 113 ГОДИНИ РАБОТА! Хаос во Германија! Нивните производи ги има низ цела Европа

ПОЗНАТА ФИРМА БАНКРОТИРА ПО 113 ГОДИНИ РАБОТА! Хаос во Германија! Нивните производи ги има низ цела Европа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа