26 Април, 2024
0.0403

170 лица во Универзитетска клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје секој вторник со појадок од бренд Специјал

Бренд „Специјал“ се грижи за лицата кои деноноќно работат на здравјето на заразените

Објавено во: Мои пари 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Секојдневно околу 170 лица работат во Универзитетската клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, и несебично даваат се од себе да помогнат на лицата кои се заразени со вирусот Ковид-19. За да им даде мала поддршка и благодарност бренд Специјал три вторника по ред почнувајќи од денес ќе обезбедува појадок за целиот персонал во клиниката. 

„Не постојат зборови кои можат да се употребат за да се долови досегашната но и идна пожртвуваност на целиот персонал на Универзитетска клиника за Инфективни болести, во поглед на нивната стручност и делување, но и можноста за изложување на вирусот на своите најблиски. Во таа насока бренд Специјал, како општествено одговорна компанија која секогаш се грижи за општеството, како поддршка и солидарност три вторника по ред, почнувајќи од денес, ќе обезбедува појадок за целиот персонал на клиниката. Чекор со кој сакаме да подадеме рака на сите борци кои во овие моменти ни се најпотребни“ изјавија од менаџментот на компанијата.

„Како општество мораме да се грижиме едни за други, а како компании можеме да ја покажеме нашата грижа и хуманост со обезбедување на производи кои ќе го олеснат делувањето на докторите и медицинскиот персонал кој се грижи за здравјето на заразените лица. Секоја компанија ја знае својата можност со што може да делува и да помогне во овие тешки моменти за нас и за нашето општество“ додадоа од компанијата.

Бренд Специјал од моментот на воведување на мерките за претпазливост препорачани од Министерството за здравство, направи комплетна реорганизација на продажните места со максимална заштита на своите  муштерии со што го постави шалтерскиот систем.  Дополнително сите вработени детално ги почитуваат препораките со носење на заштитни маски и ракавици. 

Од Бренд Специјал препорачуваат сите да ги почитуваме мерките за претпазливост и заштита бидејќи за сите нас се работи. Сега, како никогаш досега, колективната одговорност е најважна!

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”