26 Април, 2024
0.0757

2 нови македонски бренда кои целат кон светскиот пазар: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По успешното креирање и позиционирање на брендот МАМА’С низ светот, проект во кој МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ повеќе не е дел, компанијата во изминатата година работеше на развој и лансирање на нивните два нови брендa: NO BULL… и B-GOOD FOOD Co.

По извршена детална анализа на трендовите и потребите на потрошувачите, компанијата ги избрала најквалитетните и најсоодветните производи од Македонија и регионот и усовршувајќи ја рецептурата на некои од производите, ги развиле нивните нови брендови.

Засега производите се екслузивно достапни во маркетите во САД, но во брзо време се планира и ширење низ другите пазари во светот. Овие активности на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ се очекува да имаат позитивен ефект и на имиџот на државата, а воедно и да помогнат при зајакнување на капацитетите на домашните производители, како и извозот во целост.

“Производите веќе неполн месец се наоѓаат на полиците во маректите во Илиноис (САД), и реакциите на потрошувачите се одлични. Сепак ова е само почеток.Сè уште сме во фаза на тестирање и адаптирање на стратегијата, но веруваме во квалитетот на производите и нашиот бренд концепт и се надеваме дека NO BULL… и B-GOOD FOOD Co. ќе се прошират за многу брзо време низ цела Америка и пошироко низ светот” - вели Калин Бабушку, еден од сопствениците на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ.

NO BULL…(www.justnobull.com) претставува уникатен и иновативен бренд концепт, кој вклучува 9 производи од категоријата слатки и солени грицки, произведени во 4 фабрики во Македонија и Србија (А.Д. ЕВРОПА, ВИТАМИНКА А.Д., СВИСЛИОН ДОО, ТАКО.РС).


B-GOOD FOOD Co. (www.b-goodfood.com) од друга страна е бренд кој ги промовира најквалитетните производи од Македонија и регионот од категоријата основни намирници за секојдневна консумација (ориз, грав, брашно, масло итн.). Како прв производ кој е лансиран од оваа програма е нашиот познат кочански ориз.

Дополнително, од компанијата велат дека целта им е да ги позиционираат овие производи во повисок сегмент, бидејќи веруваат дека ваквите производи заслужуваат да бидат вреднувани повеќе.

“Ние сме мал креативен тим од ентузијасти кои се трудат да ја прикажат нашата земја во позитивно светло и да му покажат на светот дека Македонија има потенцијал да развива брендови кои може да се носат рамо до рамо со најголемите светски имиња. Но, освојувањето на светот не може да го правиме сами. За таа цел потребна ни е подршка од сите оние кои  имаат пријатели и контакти во Америка или било каде низ светот – ги замолуваме сите припадници во оваа група да ги споделатнашите брендови со својата мрежа на познаници, со надеж дека информацијата ќе стигне до заинтересираните страни.” – повикува Јоана Шикоска, менаџер за комуникации во компанијата

ПР објава


ГАЛЕРИЈА:



Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”