24 МИЛИОНИ ЕВРА за новото седиште на Народна банка кое ќе биде во барок
Објавено во: Економија 13 Октомври, 2016
За 24 милиони евра градежната компанија Бетон ќе ја гради новата зграда на Народната банка .
Договорот е склучен пред неколку денови а компанијата е избрана на електронска аукција меѓу 7 понудувачи.
Како што пренесе Призма, пресуден фактор за Бетон да го добие тендерот била најниската понуда.
Новото седиште на Народната банка ќе биде на улица „Филип Втори“, веднаш зад Министерството за надворешни работи. Владата уште во 2013 година и го додели ова земјиште на НБРМ на трајно користење.
Најверојатно новото седиште ќе биде во стилот на „Скопје 2014“ во барокно руво.