29 Април, 2024
0.0255

29 килограми злато во сефот на Јосип Броз Тито?!

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Предмети со брилијанти и дијаманти, над 2600 златници, девизи, речиси 30 килограми злато, ова е само дел работите кои тежат во приватниот сеф на Јосип Броз Тито, кој неодамна беше отворен. Предметите од таму сега ќе бидат дел од оставинската постапка. Првиот основен суд во Белград го доби извештајот за направениот попис за имотот на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито и го достави до наследниците, а копија добило и семејството на кралот Караѓорѓевиќ. Пред неколку месеци со присуство на комисија по 30 години беше отворен личниот сеф на Тито. При пописот се утврдило дека во сефот имало над 29 килограми злато во прав или прачки, 2663 златници, 149 предмети од злато украсени со дијаманти и брилијанти, што биле во сопственост на семејството Караѓорѓевиќ, 1271 монета со нумизматичка вредност, 18 сребрени сервиси, 25 предмети од злато и дијаманти  што биле запленети или  набавени со државни средства, 26 илјади американски долари, 36 илјади германски марки, дански круни, одликувања од српската династија, медаљони и други лични предмети со помала вредност, објави неодамна Данас. Сега се очекува да продолжи оставинската постапка на наследството на Тито. Таа почна на барање на покојниот син на Тито Жарко. Инаку, Јованка Броз, која се наоѓа во тешка здравствена состојба, порано имала поднесено повеќе барања за поделба на имотот. Таа како своја сопственост ги има наведено повеЌе скапоцени предмети: бисери и друг накит, скулптури, слики, вазни, теписи, книги, пет автомобили од гаражата на белиот двор и две од гаражата во Бриони („ролс-ројс“, бел „кадилак“, линколн“...). Јованка вели дека имотот го стекнала во брачна заедница со Тито, а за накитот вели дека го добивала од кумовите и пријателите. Некои од нив ги добивала на подарок од Тито, а за некои навела дека сама ги купувала. Во трезорот на Тито останал и орденот на Суворов, со милионска вредност, а него го поседувале само Сталин и Жуков. Тука е и каменот од Месечината, подарок од американските астронаути. На списокот на предмети кои треба да се поделат освен златници има и скап мебел, длаборези, антички монети, рубини, порцелански предмети, скапи часовници...

Можеби ќе ве интересира

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија