30 Април, 2024
0.0246

6 начини да заштедите пари, без да си го уништите социјалниот живот

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ако не сте од богато семејство, веројатно се соочуваате со одредени финансиски ограничувања на дневна база. Има денови во кои мирно трошите за ова или она, но има и мрачни денови .... пример пред плата, кога фрижидерот е веќе премногу празен. 

Без разлика каква е причината, не е тајна дека еден од најголемите трошоци ги правиме за да го одржиме нашиот социјален живот. Не грижете се! Нема да ви кажеме да престанете да комуницирате со пријателите и роднините. Но ве покануваме да ги разгледате следните совети, кога ќе почувствувате дека паричникот ви е „истенчен“. 

1. Бидете искрени

Ако не можете да си дозволите да одите на вечера, едноставно кажете го тоа. Некои луѓе одлучуваат наместо тоа да измислуваат нереални изговори. Вистината е најдобар избор. Не се грижете! Вистинските пријатели не судат. 

2. Користете кеш 

Еден од триковите кои го прават човекот подисциплиниран, е ако плаќа со готовина. Одвоето пари за оваа недела и ставете ги во 7 коверти - по еден за секој ден од неделата. Можете да потрошите за денот само онолку колку што има во ковертот. 

3. Користете купони или попусти 

Користете ги намалувањата што ги даваат во продавниците за да си ги набавите потребните предмети и производи. 

4. Предложете да отидете во кафуле

Можете да ги надокнадите најинтересните работи со пријател, со кого не сте се виделе долго време, не само во кафана. Поканете го во кафуле - така сметката ќе биде поразумна. 

5. Вие направете резервација 

Ако сепак решите да одите во кафана/ресторан, вие направете ја резервацијата. На овој начин ќе може да резервирате на место кое е поевтино - не би сакале да ве поканат во скап ресторан, нели? 

6. Јадете пред вечерата 

И ако сето дотука се покаже безполезно, ве охрабруваме да се нахраните добро дома. Потоа одете во ресторанот и кажете дека сте јаделе. Така може да нарачате само пијалок.