06 Април, 2025
0.0471

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

Објавено во: Економија 29 Април, 2024 10:49

Добивај вести на Viber

Државата лани преку Царинската управа наплатила 35 милиони евра данок на увоз на моторни возила, што е големо фискално зголемување во однос на една година претходно (2022).

Според извештајот објавен од Царинската управа за работењето во 2023, за Данок за моторни возила биле платени 2,166 милијарди денари од граѓаните и компаниите увозници. Зголемувањето на наплатата на годишно ниво е за дури 46,7 отсто поголема. Во текот на 2022 таа била околу 24 милиони евра.

На средината на октомври лани Владата усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила, врз основа на Законот за моторни возила донесен во 2019.

Со измените беше предвидено повисоки даноци да се наплатуваат при увозот на луксузните возила, како и за оние постари возила што повеќе го загадуваат воздухот. Од власта рекоа дека зголемените давачки за увоз на дел од возилата се во насока на заштита на животната средина, исполнување на обврските од потпишаниот Климатски договор од Париз за намалување на нето-емисијата на стакленички гасови, како и усогласување со најновите ЕУ стандарди.

„Новата метода, која се заснова на мерење емисијата на издувни СО2 гасови во реална околина, претставува глобално усогласена постапка за испитување на нивото на емисија на јаглерод диоксид од моторните возила која е во задолжителна примена во ЕУ за сите новопроизведени возила од 2022 година, а истата овозможува подиректно поврзување на данокот на моторни возила со негативните екстерналии предизвикани од емисијата на CO₂ од возилата“, гласеше објаснувањето во владиното соопштение.

Оданочувањето на возилата бележи убедливо најголем раст во приходите на Царинската управа со овие 35 милиони евра. Раст има кај акцизите за 4,1 отсто, кај царината за 10,3 отсто, додека кај наплатата на ДДВ има дури и пад од 5,4 отсто. Поради падот на наплата на ДДВ, Царинската управа бележи пад во вкупната наплата од 1,1 отсто на годишно ниво. Во 2023 биле наплатени вкупно 117,8 милијарди денари, или 1,35 милијарди денари помалку.

Треба да се каже и дека 2023 бележи значително поголем увоз на автомобили. Биле увезени дури 43.212 автомобили, од кои 33.213  половни. Во 2022 бројката била 32.171 автомобили, од кои 23.381 употребувани. И разликата на годишно ниво кај товарните возила е неколку стотини.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена