70 години од Porsche прославени на легендарниот Goodwood Festival of Speed
Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2018
Историската тркачка патека Goodwood му оддаде чест на Porsche и неговите 70 години постоење со централна прослава на 2018 Festival of Speed, настан кој што се одржа од 12-15 јули.
Во блескава атмосфера, славејќи ја седумдесетата годишнина од производствотона првиот автомобил со познатото германско име во 1948, беа прикажани голем број на историско значајни модели на патни и тркачки автомобили. Познатата патека Goodwood Hill беше домаќинот на многу примери од спортскии тркачки автомобили кои во текот на седум генерацииоставија значаен белег во историјата на автомобилизмот. Зад управувачите на препознатливите модели се најдоа многу познати личности од автомобилскиот свет.
Сé започна во јуни 1948 година со првиот Porsche 365 Roadster, со што беше остварен сонот и изворната идеја за спортски автомобил на Фердинанд Порше, основачот на Porsche. Само осум години по првиот модел 365, Porsche доаѓа до број од 10000 произведени примероци од овој сега веќе легендарен модел. Тоа било јасно дека станува збор за полн погодок и за можност Porsche да стане тоа што е денес, синоним за спортски автомобил на највисоко ниво и патнички автомобил кој што го посакува секој.