07 Мај, 2024
6.0373

78-годишен маж со златна крв го спаси животот на повеќе од 2 милиони бебиња

Објавено во: Стил 03 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во Австралија живее 78-годишниот Џејмс Харисон, кој има златна крв. Околу 60 години Џејмс Харисон редовно донира крв, која до овој момент го спасила животот на 2 милиони бебиња. "Во Австралија до околу 1967 година починале буквално илјадници бебиња. Жените имале спонтани абортуси или бебиња биле родени со оштетување на мозокот. "- Вели Гема Фолкенмир од Австралискиот Црвен крст, пишува CNN. За сето тоа била виновна болест, при што крвта на трудницата почнува да ги напаѓа црвените крвни клетки на неродено дете. Во најтешките случаи тоа може да доведе до оштетување на мозокот или смрт на доенчето. Тогаш беа откриени необични антитела во крвта на Харисон и од 1960 година тој почна да соработува со лекарите кои ја користат неговата крв при производството на вакцина наречена Anti-D. "Австралија е една од првите земји кои го откриле крводарителот со антитела," - рече Гема Фолкенмир. Според лекарите, крвта на Харисон е директно непроценлива. Благодарение на него, како и на вакцината Anti-D, денес повеќе од 2 милиони деца се радуваат на животот. "Крвта на Џејмс е особено необична. Неговата крв се користи за правење на лекови кои спасуваат животи. "- изјавил претставник на Црвениот крст. Поради тоа Џејмс Харисон е прогласен за национален херој во Австралија. Но, иако Мажот со златната рака, како што го нарекуваат, е донирал илјади пати крв, има едно нешто што и до ден денешен не е променето. "Никогаш не ја гледам иглата во раката. Јас гледам во таванот или во лицата на медицинските сестри. Понекогаш разговарам со нив, друг пат се шегувам, но никогаш не ја гледам иглата и затворам очи кога ме боцкаат, како да имам 5 години. Сеуште не можам да ја поднесам глетката на крв. "- вели Харисон.