07 Мај, 2024
0.0250

А КОЈ НЕ САКА РАКОВИ И ШКОЛКИ - но дали некој ги јаде од државни пари во време на криза?

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Сите сакаат морски специјалитети, но дали треба да се јадат со државни пари во време на економска криза. Владата демантира, откако опозицијата презентираше, според неа, силни докази. 

Откако ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција излезе со документи кои покажуваат дека на 7 април годинава, кога наголемо владееше корона кризата, биле набавени ракови, школки, риба, и други деликатеси, Владата излезе со остар демант, во кој тврди дека ова се тенденциозни информации, со цел да се создаде лажна слика. Тие велат дека го плаќале само она што го трошеле од набавките, што сега било многу помалку од порано, а морале и да се подготвуваат за периодот кога повторно кај нас ќе почнат да идат странски делегации.

Да видиме кој што кажа денеска. 

Владата ја извести јавноста дека на прес- конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ биле изнесени селективни и тенденциозни информации со цел да создаде лажна слика за расходите на државните институции. Во владиното соопштение се наведува дека набавките на производи за угостителски услуги се редовни, планирани и се спроведуваат секоја година, целосно транспарентно и согласно сите процедури за јавни набавки.

„Плаќањето на набавените количини е сукцесивно, односно тоа што нема да се потроши не се плаќа, а количините кои се набавуваат се предвидени и пресметани исклучиво согласно калкулациите и потрошувачката во изминатите години. Владата очекува дека потрошените и наплатени количини на производи за храна оваа година ќе бидат значително помали од претходните, особено ако се знае дека рестораните за време на здравствената криза не работеа и се уште не се во функција, а во 2020 година значително е намален обемот на посети од странски делегации“, тврдат во соопштението.

Со набавките на основни и специфички прехранбени услуги се опслужуваат Владата, Собранието и Претседателот, а реални корисници се сите државни институции и сите корисници на услугите на рестораните на Владата, Собранието, Претседателот, Клубот на пратеници, вклучително и сите странски претставници на бројните делегации кои доаѓаат во официјални и работни посети на нашата земја, тврдат од Владата.

„Рестораните воедно остваруваат и приход преку овие услуги, со оглед на тоа што тие имаат можност да наплатат на вработените во горенаведените институции. Партијата ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека Владата мора да се подготвува за периодот кога институциите ќе продолжат редовно да функционираат и да примаат делегации од земјите и партнерите на Северна Македонија од целиот свет“, велат од Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно рекоа дека додека народот нема за леб и сол, Владата на СДСМ купува школки, октоподи и морска риба.

Покажаа на прес конференција извадок од веб-страната на Бирото за јавни набавки, од која се гледаат трите договори со кои Владата, преку СОЗР, на 07 април 2020 година купила стотина килограми школки, ракови, лигњи и октоподи. 

„Сето ова се прави во период додека медицинските лица немаат заштитна опрема, луѓе се заразуваат и умираат од корона, додека се кратат плати на работниците, а голем дел остануваат без работа. Наместо да се набават нови респиратори, заштина опрема или да им се подели бонус на лекарите и медицинските работници, власта се гости со народни пари. Народот се организира и шие маски, капи и каљачи за лекарите, затоа што владата наместо да купи заштитна опрема, парите ги потрошила за гозба“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на партијата.

Според него, доколку Заев, Спасовски и СДСМ купеа заштитна опрема за лекарите и медицинските работници немаше да имаме над 200 заразени лекари и медицински сестри. 

„Наместо да склучеа договор за набавка на 365 килограми свежа пастрмка, 200 килограми крап, бранцин и лосос, 400 килограми ослиќ, шкампи, лигњи, школки и ракчиња, да купеа заштитна опрема и дезинфициенси немаше да бидеме на врвот на смртност во регионот и да имаме повеќе мртви на милион жители од Албанија, Бугарија и Грција заедно“, рече Јанушев..

Генералниот секретар Јанушев рече дека ова е класична злоупотреба и за ова одговорност мора да има. Тој најави дека партијата деновиве ќе обелодени и други скандалозни набавки.

„Напоменувам – сите вакви договори, со кои се манифестира луксуз во ек на пандемија ќе бидат предмет на ревизија за многу брзо од сега и сите кои сториле криминал ќе одговараат“, рече Јанушев. 

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена