26 Април, 2024
0.0289

Најголемиот е-спорт настан оваа година во онлајн издание

А1 Game Fest со финале на 19 и 20 декември

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber


Традиционално, трета година по ред, компанијата А1 Македонија, во соработка со GG.MK,  го организира најочекуваниот е-спорт настан во земјата - А1 Game Fest, оваа година на 19 и 20 декември во онлајн издание.

Програмата за двата финални дена на А1 Game Fest најавува незаборавен онлајн викенд за гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите оние кои уживаат во гејмингот. Учесниците ќе се натпреваруваат во игрите League of Legends, Fortnite, Tekken 7, Fifa21 како и забавниот Cosplay натпревар.

Пријавувањата за игрите започнува на 10 декември, а почеток на квалификациските натпревари е закажан за 12 декември. Финалето на настанот ќе се оддржи на 19 и 20 декември, кога сите љубители ќе имаат можност да го следат највозбудливиот дел на годинешното гејминг доживување.

Оваа година квалификациите ќе се одржат ONLINE, додека пак финалните натпревари на најдобрите тимови и играчи ќе се одвиваат во живо, без публика под строго определени мерки и протоколи за заштита од COVID-19.

Сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а директен пренос може да се следи на Facebook и Instagram профилите на А1 Македонија, како и на GG.MK.

Со уште побогат фонд на парични награди, многу изненадувања и подароци за онлајн публиката, ова издание е чекор поблиску до светските е-спорт настани.  За детали околу  пријавувањето, учество во квалификациите, начинот на гласање како и сите потребни информации за самите натпревари прочитајте на A1 Game Fest | Facebook


Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”