Ахмети: Ќе почекаме уште некој ден за официјализирање на законот за јазици
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговарајќи на новинарски прашања изјави дека за него законот за јазици веќе е усвоен и покрај ветото на претседателот Ѓорге Иванов.
„Во една прилика јас реков сме чекале 150 години, ќе почекаме уште неколку дена“. рече Ахмети на свечена академија по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово, оддржана во Скопје.