29 Април, 2024
0.0351

АКАДЕМИЦИТЕ ЈА ОХРАБРИЛЕ ВЛАДАТА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ДАНОЦИТЕ?- сметаат дека се потребни реформи во даночната политика

Објавено во: Финансии 24 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Министерството за финансии одржал состанок со академиците од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ, на која фокусот бил ставен на Концептот на даночна реформа.

„Академиците ја поздравија реформата и ја охрабрија Владата да продолжи во напорите за реформи во даночната пoлитика, во насока на обезбедување долгорочен и одржлив раст и развој на земјата. Беше покрената иницијатива да се продолжат дебати и за другите важни прашања и реформи што се спроведуваат во јавните финансии“, се вели во соопштението од Министерството за финансии. 

Концептот на даночна реформа Министерството за финансии го претстави пред јавноста на почетокот на овој месец. Во рамки на јавната дебата се одржаа состаноци со бизнис заедницата, екпертите, невладиниот сектор и други засегнати страни кои можат да дадат позитивен придонес во креирањето на оптимални решенија кои треба да почнат да се применуваат етапно во период од 2023 до 2025 година. 

Инаку, од Финансии јавија и дека за нив е клучно да го слушнат мислењето на членовите на МАНУ, поткрепено со анализите и истражувањата што ги спроведуваат. 

„Тоа е драгоцен придонес во оваа реформа што ја подготвуваме и треба да се спроведе во наредниот период“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот на кој присуствуваа и заменик-министерот за финансии Филип Николоски и директорките на Управата за јавни приходи и Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров.

Според Бесими, ова е клучна реформа којашто има за цел обезбедување одржливи јавни финансии и долгорочен економски раст и развој. 

„Тоа е процес на кој се работи од 2020 година со носењето на Стратегијата за даночна реформа и сме подготвени како Влада да чекориме понатаму, но не по секоја цена. Затоа сметаме дека е добро што во јавноста се споделуваат мислења и се отвори дебата преку која можеме да ги слушнеме различните ставови и аргументации,  и врз основа на тоа да креираме најповолно решение за даночниот систем во земјата“, потенцира министерот Бесими и потенцира дека таа не треба да се гледа засебно, туку заедно со реформите што се прават преку Законот за буџети и воспоставувањето фискални правила за трошење на буџетските средства, како и механизми за контрола на трошењата.

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита