Акциите во САД растат без оглед на непредвидливиот Трамп
Објавено во: Финансии 20 Јануари, 2017
Берзите во САД на денот на инаигурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп забележаа благ раст по неколку дена на стагнација и негативни поени. Тоа покажува дека пазарот полека се стабилизира и прифатена е новата реалност дека САД ќе бидат предводени од шоуменот бизнисмен Доналд Трамп и покрај неговата непредвидлива политика.
Доларот е стабилен, нафтата забележа мал пораст за 2 поени. Сите берзански индекси се во пораст од речиси 1%. Dow Jones забележа раст од 92.05 поени, S&P 500 се крена за 10.04 поени, а Nasdaq Composite отиде на 19.25 поени.