Ако Британија остане во ЕУ, таа ќе има посилни позиции
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2016
Teмата за излегување на Британија од ЕУ e премногу експониранa.
Британските политичари ги одиграа добро своите карти. Оттука натаму тие ќе можат да поставуваат сериозни услови на преговарачка маса со останатите земји членки на ЕУ, вели Митко Хитови, професор во УНСС за Bloomberg TV Bulgaria.
Според него референдумот е индикативен за расположението на населението, но тој нема законска сила. Парламентот одлучува во која насока ќе се движи земјата. Излегувањето на Британија од ЕУ би се случило само кај јасни и категорични индикации од страна на населението. Расположението и ставовите на избирачите покажуваат дека едвај ќе дојде до убедлива победа.
„Излегувањето на Велика Британија ќе пренесе сигнал за другите земји да тргнат по тој пат, што ќе ја зајакне опасноста од распад на денешниот глобален систем на долг рок. Нема ништо страшно во тоа што фунтите би ги изгубиле позициите во однос на главните светски валути“- коментира тој.
Експертот прогнозира дека Британците ќе гласаат за останување во Унијата.
„Ќе ја гледаме Британија во рамките на ЕУ, но со многу посилни позиции"- додава Хитови.
Поделбата би можела да ги натера и другите земји да размислуваат за излез од ЕУ.