04 Мај, 2024
0.0335

Ако го вратат во Хаг, Шешељ ќе се убие

Објавено во: Балкан 09 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Лидерот на Српската радикална партија и пратеник, Воислав Шешељ вели дека нема намера да се врати во Хаг, каде на 13 декември го очекува жалбена расправа околу ослободителната пресуда за воени злосторства.

На прашањето дали би се решил на самоубиство, како што тоа го направи хрватскиот генерал Слободан Праљак, за чија постапка претходно кажа дека „заслужува почит“, Шешељ кажа дека тоа би го направил посуптилно, а „не на препад“. Рече дека тоа ќе го направи полека, за да ги мачи луѓето во трибуналот. 

„Би почнал штрајк со глад, и тоа јавно, пред камери, додека не ги исполнат моите услови. Ако не ги исполнам, тие знаат дека сум спремен да одам до крај. Го знаат тие тоа и затоа се плашат од мене“- кажа Шешељ. 

Тој за време на судењето во Хаг веќе штрајкуваше со глад 28 дена откако, поради непочитување на судот, му беа забранети посетите од семејството.

Шешељ изјави дека пресудата и Трибуналот повеќе не го интересираат, ни по цена на животот и дека во Хаг може да го однесат „само во ланци“.

Српскиот радикал на 13 декември во Хаг го очекува жалбена расправа за пресудата за воени злосторства.

Судот информираше  дека во случај Шешељ да не се одѕве на расправата, неговите интереси ќе ги застапува адвокат по службена должност.

Хашкиот суд со првостепената пресуда го ослободи од вина Шешељ по сите точки од обвинението за воени злосторства во БиХ, Хрватска и против Хрватите во Војводина.

Инаку, хрватскиот генерал се отру откако ја слушна пресудата, а почина во болница. 

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни