Ако патувате во Грција, ова се правилата за влез...
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2022
Правилата за влез во Грција се продолжени за уште две седмици.
Негативен тест ПЦР или рапид и понатаму е задолжителен за сите патници независно дали се вакцинирани или не, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар се задолжителни за влез во Грција, без разлика дали посетителите се вакцинирани, дали прележале Ковид-19 или се невакцинирани.
Нема промени и за невакцинираните патници од 16 земји меѓу кои и од Северна Македонија, кои освен негативен тест пред патувањето, потребно ќе биде да добијат и негативен тест на самата граница при задолжителното тестирање од грчките власти.
Во Грција е откриена подваријатната на омикрон. Станува збор за луѓе кои дошле од странство.