30 Април, 2024
0.0265

АКО САКАТЕ МИР И ТИШИНА: Ова се 5-те најспокојни држави за туристите

Објавено во: Стил 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Светот крие многу опасности, но кога сме на одмор воопшто не ни се сака да размислуваме за нив. Ако најважното нешто за вас при патувањата е безбедноста, тогаш треба да изберете било која од подолу наведените дестинации. Според индексот за глобален мир тие се најстабилните и спокојни во светот.

5. Чешка

Чешка се наоѓа во средината на систем од гребени, што е нејзина природна граница и е покриена со шуми, реки и ридови. Земјата има 12 споменици во Листата на УНЕСКО на светското културно наследство. Секој посетител треба да го види стариот град на Прага, историските градини и замокот во Кромериз.

4. Словенија

Словенија се наоѓа во срцето на Европа, меѓу Алпите, Медитеранот и Панонската рамнина. Главниот град Љубљана, прогласена за Зелена престолнина на Европа во 2016 година, е едно од најубавите места во земјата. Задолжително е да го посетите Езерото Блед.

3. Канада

Местата кои треба да ги видите во Канада, се многу и различни. Меѓу нив, се разбира, се Нијагарините водопади. Комбинацијата на француски, англиски и локална култура ја прават земјата исклучително интересна.

2. Швајцарија

Кога зборуваме за Швајцарија, не можеме да не ги споменеме Алпите. Илјадници туристи од целиот свет патуваат за да се скијат и да уживаат во неверојатни зимски одморалишта со светска слава.

Швајцарските градови сепак исто се привлечни за туристите - од стариот универзитетскиот град Базел во Монтро, каде се одржува светски џез фестивал и езерото Леман што повикува да се искапете во водите и да вежбате водни спортови.

1. Ирска

Ирска е остров со прекрасни ридови и забележителни атлантски брегови. Земјата крие импресивни пејзажи, прекрасни замоци, како Рос во Киларни, и градови како град Даблин, исполнети со историја и забава.