05 Мај, 2024
0.0278

Ако се бара да се утврди што е Гоце Делчев, ќе нема решение, вели Ѓоргиев

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Нови детали излегуваат од средбата на македонско-бугарската мешовита комисија во Бугарија. Копјата не претстануваат да се кршат околу Гоце Делчев.

Двата члена на македонско-бугарската мешовита комисија ги искажаа своите ставови на заедничко гостување на Бугарската национална телевизија. 

Македонскиот член во комисијата Драги Ѓеоргиев вели дека ако мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски прашања продолжи да инсистира во нејзината работа да се утврди и да се напише на документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, нема да имаме решение. Ова тој го кажа за емисијата „Уште од денот“, на Бугарската национална телевизија.

Според Ѓоргиев, Делчев е многу чувствителна тема, и не е упатно да се одговори дали бил Бугарин или Македонец.

„Не е работата на комисијата да каже. Ќе дискутираме. Ама ако оваа комисија продолжи да инсистира и да напише документ дека Гоце Делчев бил Бугарин или Македонец, решение нема да има. Ние не зборуваме за еден црно-бел свет во тоа време, тоа е испреплетено, сите случувања се по малку и хаотични“, рече Ѓорѓиев.  

А од бугарската страна не мислат така. Ангел Димитров, бугарскиот член на комисијата, вели дека се разбира дека тоа треба да се каже. 

„Ако не се знае што е човекот не можеме да го оцениме точно неговото дело. Не треба ние да кажеме што е Гоце Делчев. Тој кажал сам што е, кажало неговото семејство, неговите другари, соборци, учесници во борбата, луѓето“, рече Димитров.

Нашиот член, пак, реплицираше дека ако се оди по аналогија дека Делчев сам кажал дека е Бугарин, тој многу често го употребува наративот македонски народ и Македонци. 

На емисијата и Ѓеоргиев и Димитров, рекоа дека прашањето за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев е тема на денешната средба на членовите Комисијата, откако во текот на вчерашниот ден тие расправале за средновековната историја и периодот на Османлиската Империја, како и за учебниците по историја. И за ова прашање нема напредок. 


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава