Aко сте млади и амбициозни еве ви обуки на кои можете да се пријавите
Објавено во: Економија 27 Декември, 2017
Можете да се пријавите за учество на пролетната школа „Работа, вработување и нееднаквост" која ќе се одржи од 19 до 23 март во Турин, Италија.
Рокот за пријавување е 4 февруари. Предност ќе имаат студентите, а за сите детали информирајте се на следниот линк.
Програма за дипломатија за млади лидери во Москва, е обука на која можете да се пријавите до крајот на овој месец. Обуката ќе се одржи од 21 до 25 март 2018 година. Можат да се пријават луѓе на возраст од 25 до 35 години. За тоа како да аплицирате детали имате на следниот линк.
Уште една програма за млади лидери има, но таа е за Будимпешта, Унгарија. Рокот за аплицирање завршува на 5 јануари, а право да учествуваат имаат луѓе на возраст од 24 до 38 години. Биографија можете да пратите на ylf@think.bdpst.org.