18 Мај, 2024
0.0268

Ако ве мачат грчеви ова е за вас: Дознајте како да се ослободите од нив засекогаш!

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Грчевите предизвикуваат исклучително незгодна болка, а најчесто ги погодуваат мускулите, тетивата или квадрицепсите. Грчот трае кратко но потребно е неколку минути мускулот да се опушти. За да го спречите настанувањето на таа болка е потребно да знаете што ја предизвикува. Дехидрацијата и напорното вежбање се едни од главните виновници, но тука е и недостатокот  на минерали, слаба циркулација, повреда или замор на мускулите. Една од причините за грчење на мускулите е и прекумерната телесна тежина, но може да биде и последица на употреба на некои лекови.

Во случај да ве „фати“ грч најдобро е да направите лек од јаболков оцет. Во чаша млака вода додајте лажица мед и две лажички јаболков оцет. Се заедно добро измешајте и напијте се.

Послужете се и со методот на притисок: Притиснете ја средината на грчот со палецот на 15-тина секунди ...Грчот ќе попушти.

Истегнување: Понекогаш еден од најлесните начини на прошетка (доколку тоа е можно), посебно ако станува збор за грчеви во бутот.

Седете во када со топла вода: Топлата вода помага во опуштање на мускулите и ублажување на грчевите.

Банани и компир: Чести грчеви во нозете може да бидат знак дека ви недостасува калиум во организмот. Најдобар извор на овие минерали се бананите и компирот. Конзумирајте банани секојдневно,а компир секои два до три дена.