16 Декември, 2025
0.0524

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

Објавено во: Економија 16 Мај, 2024 14:13

Добивај вести на Viber

Компанијата „Г'на“ на Горан Митров, познат уште и како кумашин на поранешниот премиер Зоран Заев, се најде на четвртото место по највисоки добивки кај струмичките фирми за 2023.

На првите три места се - Крмзов-МР на Ристо Крмзов, друштво кое воопшто има најголем профит на ниво на цела земја во дејноста изградба на станови, Жикол на Никола Пандев, која гради објекти за домување, но и јавни инфраструктурни проекти како што се тие од нискоградбата и пречистителната станица во Скопје, како и Еко Инженеринг-НС на Никола Ѓоргиевски, најуспешната компанија во Македонија воопшто по остварена добивка во дејноста управување со отпад.

„Г'на“ на Митров за брзо време се најде меѓу најуспешните. Со двајца вработени оваа фирма остварила добивка од 103 милиони денари (1,69 милиони евра) и за една година таа се зголемила за 782 отсто. Приходите во 2023 биле 287 милиони денари и во однос на 2022 се зголемиле за 413 проценти. Основна дејност е изградба на објекти, но се занимава и со „издавање и управување со недвижен имот“, „трговија на големо со земјоделски машини и прибор“ и „останати стручни и технички дејности“. Митров има новоформирани претпријатија и за други дејности.

Синот Горан Крстев и таткото Симеон Крстев се сопственици на две транспортни компании за товар - Дисмак Транспорт и Јавор-Транс со кои го запоседнуваат шестото, односно осмото место. Брз подем на „табелата“ има оваа првата, иако е формирана во 2019 година.

Малопродажниот ланец Црвена Ружа и Тргопродукт, компанијата на фамилијата Заеви што го поседува брендот „Мамас“, се пред Дикор ЦД, фирма за изградба на патишта и автопати на Зоран Иванов, кој во изминатите години постојано беше „прогонуван“ од опозицијата како син на поранешната пратеничка и генерален секретар на Собранието, Цветанка Иванова, поради голем број на добиени тендери.

Годинава меѓу најуспешните, иако дебитант, е и Тотал Коп за товарен транспорт на Панче Заев, таткото на поранешниот премиер. Фирмата е регистрирана во март 2023. За неполни десет месеци компанијата направи добивка од околу 850.000 евра и се најде на 14-то место во Струмица.

На листата се уште Макс Струмица за зачини, Нетком Плус за продажба на текстил на големо, Френки Доо за трговија на големо на храна и пијалоци и Адиент Аутомотиве од слободната индустриска зона за производство на технички текстил.       А.К.


Извор: Централен регистар

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи