Албанија врви кон брзо одобрување на влезот на Македонија во НАТО
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Албанскиот парламентарен законодавен комитет едногласно го одобрил протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Комесарите од владата и опозицијата за прв пат по многу години се согласиле за едно прашање.
Станува збор за гласањето на Протоколот, со што се отвора патот за членство на Македонија во НАТО како 30-та членка на ЕУ.
Гласањето на Законодавно-правната комисија за Протоколот дава зелено светло за парламентот да го ратификува документот, а албанскиот законодавен дом ќе одржи состанок во четвртокот (14-ти февруари). Албанските власти го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, оценувајќи го како гаранција за безбедноста и стабилноста во регионот.