Александар Николовски без конкретен одговор за лидерството во ВМРО-ДПМНЕ, порачува - нечесни се нападите кон партијата од луѓе кои добиле се од неа

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2020
Откако Филип Петровски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, за емисијата Во Центар тврдеше дека според неговите информации, сегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, се подготвува да биде лидер на партијата и дека за тоа веќе формира соодветно лоби, од Александар Николовски се уште нема конкретен одговор на ваквите шпекулации.
Тој на својот фејсбук профил излегува со бројни постови за критики кон актуелната владејачка гарнитура, но се досега не напиша конкретен став или одговор во врска со наводите на Петровски.
А меѓу другото, на фејсбук Николовски го сподели интервјуто што го дал за Мкд.мк, во кое одговара на прашање и за состојбите во партијата.
Конкретно, на прашањето „Што станува со партијата? Има разни групации внатре кои бараат вонреден конгрес, оставка на претседателот, реорганизација“, Николовски одговара дека ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, а со измените на статутот далеку најдемократски организирана партија споредено со сите други.
„Секој кој сака конструктивно да искаже став, мислење, критика со цел ВМРО-ДПМНЕ и Македонија да напредуваат, е добредојден. Вратите се широко отворени. Но, мора да сме искрени дека има и такви кои не постапуваат на тој начин. Почитувам сечие мислење и позиција, прашањето е само дали е чесно на овој начин да се однесуваат кон ВМРО-ДПМНЕ, партија од која добиле сѐ, партија во која се надевам се зачлениле за идеали. Јас мислам дека дел луѓе не се однесуваат чесно кон партијата, но како и многу пати досега со многу други, ВМРО-ДПМНЕ ќе преживее, ќе биде посилно и ќе победи, а таквите ќе одат во заборав“, одговара Николовски на прашањето за состојбите во партијата.
А Петровски, пак, изјави дека за Александар Николовски се зборувало дека „по абдицирањето на Мицкоски, треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата“.
Неговте информации говореле дека Николовски работел на создавање на коалиција на создавање на медиуми, на прибирање на новинари и на влијателни луѓе, кои тоа би го поддржале.
„Тоа Мицкоски го знае и мислам дека е свесен дека не може од тоа да избега, доколку промената се случи. Според мене, тоа е тотално неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде погубно, бидејќи партијата е во многу лоша состојба сега“, вели Петровски во емисијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Затвореници копале тунел за бегство од Идризово, полицијата ги откри

Анастасовска: Јанкулоска уште еднаш покажува дека е поголем маж од нејзините бивши колеги и претпоставени

Артан Груби: Баскетот ми е од Перо Антиќ, голчето од ФФМ, а топката од Наумче

Изет Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Диви наплаќачи на слободниот паркинг спроти Ист Гејт Мол

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Викендов треба да ги поместите стрелките на часовникот

Управа за извршување на санкции: Пронајден е подземен недовршен тунел од околу 50-тина метри на потегот од објектите кои се рушат

Ковачевски: За мене етничка припадност не е професија
