13 Мај, 2024
0.0286

Алексовска: Животниот стандард на пензионерите се влошува

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Поминува речиси една година од власта на СДСМ и на виделина излегуваат лагите и манипулациите кои Зоран Заев им ги кажуваше на граѓаните во текот на кампањата, реагира Слободанка Алексовска од ВМРО-ДПМНЕ за неисполнетите ветувања кон граѓаните на владата. .

„Заев или не пазари во дуќаните или не сака да ги види секојдневните поскапувања. Изминува една година од Владата на СДСМ, ветувањата за пензиониерите не се реализирани. Покачувањето за пензионерите го нема.

Минатата година седнаа во владините фотељи на први јуни по што направија и ребаланс на Буџетот. Но, во ребалансот на Буџетот го заборавија ветувањето за вонредно зголемување на пензиите на крајот на годината. Уште едно ветување за пензионерите кое не е остварено.

Дополнително животниот стандард на пезионерите се намалува. Трошоците на живот и цените во малопродажбата во контиунитет се зголемуваат во изминатите месеци. Само војануари годинава споредено со јануари минатата година се зголемени за 1,1 процент, а цените на мало за 2,3 процента.

Ова значи дека со зголемувањето на трошоците граѓаните треба да издвојуваат повеќе пари за купување на истите производи кои биле дел од нивната основна потрошувачка кошничка.

Наместо покачување на пензиите, сега се случува намалување на нивниот стандарт, односно реално нивно осиромашување.

СДСМ има пари да вработува советници во владата и во министерствата со договори на дело во изминатиот период, а нема пари за да им ги зголеми примањаат на пензионерите.

Владата на Зоран Заев и СДСМ направија задолжувања по разни основи во висина од 1,5 милјарди евра од денот кога стапија во функција до денес, а не најде за сходно да започне реализација за ветување на пензионерите.

Ова само ја  покажува негрижата на владата предводена од Заев за пензионерите кои се меѓу најранливите категории. Со тоа што не ги исполнуваат ветувањата за пензионерите, владата само покажува дека не се грижи за граѓаните, туку само за своите теснопартиски интереси“ посочи Алексовска на денешната прес конференција.


Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

„Скапо го плативме патриотизмот“, се огласи лидерот на СИРИЗА, предлага новото раководство да се вразуми и да размисли за иднината на народот

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

УШТЕ ЕДЕН ИНЦИДЕНТ СО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО - две девојки ја тепале други две снимале

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

ПОДДРШКА ЗА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА?! - има некои многу познати имиња, кој се стои позади неа

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Европскиот тек на земјата зависи од употребата на уставното име на земјата“: реакција од грчкото МНР

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката

„Со првата нејзина реченица создаде криза меѓу Македонија и Грција“: Адеми со бројни критики за говорот на претседателката