23 Мај, 2024
0.0448

„После ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“: еве што вели Јаневска за познатата манифестација

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија" или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија". 

Ова го напиша на својот Фејсбук профил нашата истакната пејачка и професорка Андријана Јаневска, која меѓу другото потенцираше дека „Евровизија“ го губи своето занчење. 

Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. 

Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик - напиша Јаневска на својот Фејсбук профил.

Таа дополни, дека денес има 42 години и се чувствува исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. 

- Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои - дополни Јаневска и истакна:

„Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука“.

Еве ја нејзината објава:


Нејзината објава предизвика бројни коментари, меѓу кои имаше и такви кои сметаат дека токму со нејзин настап на „Евровизија“ може да се врати некогашниот шарм на манифестацијата. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

ПРИЛЕП: Неколку девојчиња истепале соученичка

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

KOВАЧЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ: Кога СДСМ ќе избира нoв лидер?

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

РАДЕВ: На ред е претседателот на Северна Македонија, да дојде во Бугарија

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

УТРОВО ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОРОТ ВО СТРУГА: Мијалков е на слобода

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

„ДИЈАСПОРАТА ОВДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ПРИМЕНА СО РАШИРЕНИ РАЦЕ, НО НЕ Е ТАКА“ - еве какво искуство имал иселеникот Митре Кутановски, слушајте во новиот поткаст на Фактор

ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОФАЛИ: „Мојот син е прваче!“

ЈАНКУЛОСКА СЕ ПОФАЛИ: „Мојот син е прваче!“

Генералниот секретар Миле Зечевиќ поднесе оставка во СДСМ

Генералниот секретар Миле Зечевиќ поднесе оставка во СДСМ

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ПОКРЕНАА ИНИЦИЈАТИВА ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ - бараат да се утврди одговорност за сите во Академијата за судии, за вработувањата за време на изборите

Силјановска Давкова го посети Папата: Средба со Радев нема да има

Силјановска Давкова го посети Папата: Средба со Радев нема да има