02 Мај, 2024
0.0383

Алкалоид АД Скопје со раст на приходите во првите три месеци годинава и 55 нови вработувања

Објавено во: Економија 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Алкалоид АД Скопје за периодот Јануари - Март 2019 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните единечен и консолидиран Биланс на успех.

Според образложението за остварени резултати објавени на Македонска берза вкупните приходи остварени во периодот Јануари - Март 2019 година изнесуваат 2.138.908 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%. 

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 14%. 

Според извештајот остварените единечни вкупни расходиза првите три месеци годинава изнесуваат 1.873.090 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 13%.

Остварените консолидирани вкупни расходи кои од јануари до март изнесуваат 2.561.643 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 14%.

На 8 април 2019 година на Годишното собрание на акционерите е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2018 година во износ од 458.033 илјади денари односно 320 денари бруто за една акција. Нето дивиденда за 2018 година изнесува 272 денари за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот Јануари - Март 2019 година изнесуваат 193.866 илјади денари. Вкупните консолидирани обврски по кредити на 31.03.2019 година изнесуваат 584.103 илјади денари.

Во периодот Јануари - Март 2019 година во Алкалоид се реализирани 55 нови вработувања во Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?