Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија
Објавено во: Економија 01 Мај, 2024
По 20 години од влезот во Европската унија, Полска се уште не е подготвена да премине на еврото, изјави министерот за финансии во проевропската полска влада.
Анджеј Домањски, министер за финансии во кабинетот на премиерот Доналд Туск, во вчерашното интервју за ТВН24 изјави дека приклучувањето на Полска во еврозоната, валутната унија на 20 членки на Европската унија, во овој момент не е оправдано.
Тој истакна дека верува дека поседувањето сопствена валута, злота, и помогна на Полска да избегне рецесија за време на глобалната финансиска криза и да ги преброди другите шокови.
На 1 мај Полска и уште девет земји ќе ја одбележат 20-годишнината од пристапувањето во Европската унија, пишува Асошиејтед прес. Според условите за членство, Полска се обврза да ја замени злота со единствена европска валута.