fake panerai watches „Алкалоид“ со троцифрен број на нови вработувања за половина година
02 Мај, 2024
0.0346

„Алкалоид“ со троцифрен број на нови вработувања за половина година

Објавено во: Економија 30 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 8%, раст на консолидираната нето добивка од 4%, инвестиции во износ од 561,4 милиони денари и 105 нови вработувања во периодот јануари – јуни 2018-та

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.647.869.385 денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 701.478.745 денари, бележи зголемување од околу 8%, единечната нето добивка изнесува 400.335.106 денари и истата е зголемена за 7%.

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.787.739.685 денари, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се на исто ниво, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8%. Од вкупните консолидирани продажби,37% се остварени на домашен пазар, додека 63% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Полска со продажби од 24.857.778 денари што е 7,4 пати повеќе од лани,  потоа во Унгарија со продажби од 70.759.053 денари што претставува зголемување од 6 пати и САД со продажби од 97.149.017 денари што е двојно повеќе споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Украина раст од 88%, Чешка раст од 48%, Србија раст од 24%, Косово раст од 23%, Хрватска раст од 4% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 84%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 17%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 3%.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 710.685.721 денари бележи раст од 6%, додека нето консолидираната добивка во износ од 376.774.462 денари е зголемена за 4%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2018 година изнесуваат 561.358.225 денари што е претставува зголемување за 74% во однос на истиот период од 2017 година.

Во периодот јануари - јуни 2018 година во Алкалоид се реализирани 105 нови вработувања во Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?