Алкохол чуда прави: Татко и син приведени по напад на полицајци во скопски аеродром
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020
Татко и син кои биле во алкохолизирана состојба нападнале полицајци во скопски аеродром.
Според информациите од МВР 53 годишниот татко С.Д. и 22 годишниот негов син А.Д. биле приведени.
Настанот се случил на улицата „Методија Шаторов Шарло“ завчера кога таткото кој бил пијан покажувал агресивно однесување кон полицијата, која обидувајќи се да го приведе по претходна пријава, била нападната од неговиот син.