Алтернатива: Германија да го напушти еврото
Објавено во: Економија, Свет 09 Март, 2017
Германската националистичка партија Алтернатива за Германија за септемвриските избори предлага отфрлање на еврото.
Партијата предлага во својата програма остри мерки против имиграцијата.
Оваа програма е претставена, а неа ќе треба да ја одобрат членовите на партијата во наредните месеци.
Анкетите покажуваат дека рејтингот на партијата паѓа.
Сега имаат поддршка од 11%, а лани летото имале поддршка од 16% од гласачите.
Алтернатива за Германија се залага за намалување на загадувањето и бучавата, финансиска помош на семејствата, унапредување на здравството и слично.