26 Април, 2024
0.0475

АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

Објавено во: Мои пари 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ »A« (одлично) и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«.Оценките за кредитниот рејтинг на двете друштва имаат стабилна среднорочна прогноза, која ги изразува очекувањата на агенцијата, дека Триглав, среднорочно, ќе ја задржи својата цврста финансиска позиција, доброто работење и водечката положба на пазарите во Словенија и регионот, каде е присутна Групацијата.

АМ Бест ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу цврста, со стабилно работење. Профилот на работењето, како и влијанието на мнозинскиот сопственик на оценката за кредитен рејтинг е неутрален. При тоа, нагласува дека системот за управување со ризици на Групацијата Триглав е развиен и соодветен во поглед на профилот на ризик, сложеноста и обемот на работењето.

Оценката за цврстата финансиска положба се темели на ризиците прилагодени на капитализираноста на Групацијата Трилгав, којшто е на најсилното ниво. Според мислењето на агенцијата, Групацијата претпазливо управува со резервите и има добар степен на финансиска флексибилност со пристап до пазарите на капитал и обврзници, што се одразило и на годишната емисија на субордирани обврзници.

Агенцијата наведува дека добрите деловни резултати на Групацијата Триглав последните години произлегуваат од одличниот технички резултат од неживотните осигурувања на домашниот пазар и здравите приноси од нивните инвестиции. Верува дека на работењето сеуште влијаат условите на ниски каматни стапки, состојбата во сегментот на осигурувањето на живот, моќната конкуренција и комплексните услови на пазарите во регионот каде е присутна Групацијата. Агенцијата ја потенцира предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав располага со добра и разновидна деловна структура, како од продуктна, така и од географска гледна точка.  При тоа, наведува дека Триглав на пазарите надвор од Словенија го подобрува своето работење врз основа на зголемување на обемот и активното барање дополнителни, поекономични продажни канали.

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест при потврдувањето на високата кредитна оценка за подружницата Позаваровалница Тригав Ре ја истакна нејзината стратешки важна улога како реосигурувач на сите компании на Групацијата Трилгав. 


Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи