„Amazon“ го претекна „WalMart“ по пазарна капитализација
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Капитализација на Amazon достигна 502,6 милијарди долари, пишува Financial Times. Освен Amazon со слична капитализација над 500 милијарди долари можат да се пофалат само Apple, Microsoft и Alphabet.
Од почетокот на 2017 година пазарната вредност на Amazon се зголеми со 146,3 милијарди долари. За споредба акциите на WalMart, најголемиот ланец продавници во светот според продажбата, ја зголемија својата вредност со само 23 милијарди долари до 235,4 милијарди. Денес по овој показател таа отстапува речиси два пати од својот најголем онлајн-конкурент.
Amazon за прв пат го надмина WalMart по капитализација точно пред две години.
Благодарение на зголемувањето на цената на својот пакет со акции, кој е околу 18%, претседателот на Amazon Џеф Безос се поблиску е до Бил Гејтс во трката за најбогат човек во светот. Сега нив ги делат помалку од 1 милијарда долари.