04 Мај, 2024
0.0260

АМБИЦИОЗНОСТ ДО БЕСКРАЈ: Турција планира да изгради нови туристички дестинации

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

И покрај тешката 2016 година, која беше одбележана со големи финансиски загуби, Турција e оптимист за иднината. 

Оваа година земјата очекува раст на бројот на туристите не само од Европа и Русија, но и на долгорочен план земјата има амбициозни планови.

До 2023 година Турција планира да пречека 100 милиони туристи кои ќе потрошат во земјата 100 милијарди долари, пишува турскиот весник Нurriyet Daily News. За остварување на овие цели, Турција планира да ги развива нетуристическите области на земјата.

Инвестициите во нови области ќе започнат со развојот на Тарс во Источниот Медитеран, определен за Европејците и Русите. Вториот регион ќе е од аеродромот Трабзон до аеродром Орду-Гиресун во Црното Море - за туристи од земји со топла клима, особено за жителите на арапските земји. Третата област во која Турција ќе направи инвестиции во блиска иднина - културниот коридор од регионот на западна Анадолија до внатрешна Анадолија. Оваа нова дестинација ќе биде наменета за туристи од целиот свет.

Создавање на нова меѓународна туристичка дестинација во области кои традиционално не се посетуваат од туристи е скапа инвестиција. Новите области имаат потреба од 150 илјади легла во хотелите, плус инвестиции во инфраструктурата: изградба на аеродроми, патишта, болници, трговски центри и др. Според податоци на Банката за развој за секоја територија се потребни од 18 до 20 милијарди долари.

Турскиот меѓународен бизнис туризам настрада поради регионални и политички настани. Безредијата и граѓанската војна во соседните земји, вклучувајќи ги оние во Ирак и Сирија имаа ефект врз Турција, која веќе не се гледа како толку безбедна туристичка дестинација, како што некогаш беше. Овие стравувања доведоа до загуба на милиони туристи и приближно 15 милијарди долари годишни приходи за земјата.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни