07 Мај, 2024
0.0247

АмЧам Македонија избра ново лидерство

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На 19то по ред годишно Генерално собрание претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) избраа нови членови на Одборот на директори:

-  г-ѓа Јелена Арсовска, Генерален Директор, Меккен

-  г-дин Михаел Солтер, Генерален Директор, Филип Морис

-  г-дин Драган Давитков, Генерален Директор, PwC

Оваа година на Собранието присуствуваа претставници од 85 компании членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот Претседател на Одборот на директори, г. Љупчо Георгиев од Мајкрософт, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

Официјално обраќање имаше и амбасадорката на САД во Република Македонија, г-ѓа Кејт Мери Брнс, којаја нагласи улогата на АмЧам во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, интеграција, проширување на пазарот и зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките. Таа исто така ја посочи важноста на борбата против корпуцијата и владеењето на правото како главни двигатели и на општествениот и на економскиот прогрес.   

Извршната директорка на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни проценти на вклученост на членките во активностите на комората. Таа потенцираше дека е забележано зголемување на бројот на членки за 10%  во однос на минатата година, и истакна дека годинава се одржале вкупно 61 состаноци со владини претставници и креатори на политики со цел зајакнување на деловното опкружување и подобрување на регулативата.

АмЧам Македонија ја сочинуваат 136компании од различни сектори и индустрии чиишто членки се посветени на зајакнувањето на гласот на меѓународниот бизнис во Македонија, промоција на одржлива, предвидлива и конкурентна бизнис средина, и општествена одговорност на компаниите. Членките на АмЧам претставуваат значаен дел од македонската економија коишто имаат вкупен годишен обрт од 4 милијарди евра и вработуваат 40,000 граѓани. 


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“