Американски Б92 бомбардери повторно ќе ја прелетуваат Македонија
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Шест американски бомбардери од култниот модел Б92 денеска ќе прелетуваат и над Северна Македонија во рамки на НАТО-прелетите.
Ова го најави Јенс Столтенберг, генералниот секретар на Алијансата, кој напомена дека овој пат шестте бомбардери ќе ги прелетаат сите 30 земји-членки на НАТО.
Столтенберг додаде дека во рамки на прелетот, бомбардерите ќе бидат придружувани од десетици други милитантни летала.