26 Април, 2024
0.0258

Анализа на факторите за развој на малите земјоделски стопанства во Македонија

Објавено во: Колумни 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Најголем дел од земјоделските стопанства во Македонија се мали со расположлива површина до 5 ха. Тие стопанства играат важна економска улога во развој на селото и селските региони. Затоа определувањето на факторите за нивниот иден развој е актуелно.

Целта е да направи анализа на силните и слабите страни на малите земјоделски стопанства, како и да ги согледам можните опасности за нивниот иден развој. Конструиравме SWOT матрица која се користи за дефинирање на стратешката ориентација во развој на стопанствата. Матрицата се користи и како експертна карта која се оценува од секој земјоделец. Основната хипотеза која се застапува кај овој пристап е дека сопствениците на малите стопанства се најмотивирани за определување на факторите за успешен развој.

Големите земјоделски стопанства имаат голем број предности во споредба со малите. Можат да обезбедат кофинансирање на инвестиционите проекти, располагаат со релативно поголем земјишни капацитети кои им овозможуваат повисок доход од единица продукција, а како резултат на субвенциите.

Наспроти крупните стопанства, се наоѓаат малитае земјоделски производители при кои значителен дел од земјоделската продукција е за сопствена консумација, што ги ограничува приходите од продажба на земјоделската продукција и можност за инвестирање.

Идентификувањето на слабите и силните трани на малите земјоделски стопанства, како и можностите што се пред нив, но и опасности што можат да се случат што произлегуваат во бизнис средината, обврзно треба да се земат во предвид кај изработување на развојни програми на селските региони.

Од друга страна изработувањето на таква анализа може да помогне за определување на конкурентските предности на малите земјоделски стопанства што е клучен момент за дефинирање на некои сегменти од аграрната политика.

SWOT  матрица на малите земјоделски стопанства

Силни страни 

1.  Флексибилност во раководноста со дејноста

2.  Висок степен на контролата на дејноста

3.  Висока мотивација за развој на фармата

4.  Основно користење рачен труд

5.  Флексибилност на селскта економика

6.  Разнообразни произведени производи

7.  Сопствени средства за финансирање на дејноста

8.  Исполнети социјални функции

9.  Индивидуализам во претприемачката дејност

10.  Применуваат производна практика за високо квалитетно производство

11.  Квалитетно производство од аспект на потрошувачите

12.  Чување на природни ресурси

Можности

1.  Тенденција на пораст на цената на храна

2.  Финансиска поддршка од државата

3.  Промовирање на локални марки на храна

4.  Тенденција на пораст на побарувачка на органска храна

5.  Помагање на иновациите и технолошки трансфер со зголемување на капацитетите

6.  Директни продажби

7.  Поддршка за кооперирање на земјоделците

8.  Побарувачка на квалитетни земјоделски производи

9.  Создавање на месни пазари со активно учество на општините 

Слаби страни 

1.  Слабо влијание врз откупните цени

2.  Воски производни трошоци

3.  Разнообразна, кавлитетна продукција во мал обем

4.  Немаат желба за кооперирање

5.  Немаат искуство за конкурирање на фондови

6.  Низок степен на механизација на производство

7.  Недостасува квалификувана работна сила

8.  Ниска кредитоспособност 

9.  Недостиг на обртен капитал

10.  Недоволна умешност за управување со ризици

11.  Слаба информираност за пазарните тенденции

12.  Слаба инвестициона активност

Опасности

1.  Нестабилни пазарни цени

2.  Конкуренција од големите стопанства во земјата

3.  Пораст на цените на ресурсите

4.  Административни  ограничувања и нестабилни прописи

5.  Загуба на специјализирана работна сила поради миграција, емиграција и демографски проблеми

6.  Недоволен развој на системот за трговија со земјоделски производи

7.  Неразвиен кредитен пазар за земјоделците

8.  Нередовно плаќање од државата

9.  Пораст на адиминистративните трошоци

10.  Ограничен пристап од пазарни информации

SWOT матрицата понатаму се користи како техника за определувањето на два важни елементи во стратешката ориентација и тоа: 1. Кои се најважните силни, слаби страни, можности и опасности 2. Какви се взаемните дејствија на силните и слабите страни со покажаните возможности и опасности.  .

Проф.Д-р Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД