Анархистите се заканија дека ќе гори цела Грција
Објавено во: Балкан 01 Март, 2018
Повеќе анархистички групи доцна вечерта и рано утрово во Грција изведоа неколку напади врз полицијата, како и врз канцеларии на владејачката партија Сириза. Исто така во делови од Универзитетот Солун е извршен протест со окупирање на просторот од триесетина луѓе кои се приврзаници на анархистите.
Во атинската област Егзархија со камења и молотови коктели е нападната единица на специјалната полиција, но нема повредени. Исто така нападнат е и еден провладин весник.
Главната причина поради која анархистите најавија дека ќе има серија на нови насилства кои ќе предизвикаат Грција да гори и да падне владата на Алексис Ципрас од Сириза е солидарноста кон осудениот терорист Константинос Гиагѕоглу кој откако бил префрлен од затвор во Атина во Лариса започнал штрајк со глад.