05 Мај, 2024
0.0236

„Android 6“ ќе се вика „Marshmellow“

Објавено во: Стил 18 Август, 2015

Добивај вести на Viber

„Гугл“ конечно го откри името на идната верзија на „Android“. Тајното нејзино име беше M, а логично тоа ја покажува првата буква од името на системот.

Компанијата го избра „Marshmallow“ по познатата традиција да се користат имиња на слатки десерти, информираат луѓето запознаени со ова.

„Гугл“ задоцнија со презентација на официјалното име на „Android“, за да можат да грабнат од љубопитноста на потрошувачите. Како и во други случаи, пред објавувањето на „Marshmallow“ во мрежата се појавија голем број анкети со шпекулации за името.

Една од идеите кои беа најпопуларни меѓу корисниците, беше името „M & Ms“. Познатите бонбони изгледа не им се допадна доволно на „Гугл“ и тие сакале да биде „Marshmallow“.

Очекуваме јавна презентација на системот оваа есен. Во неа целосно е променет и поедноставен начинот за преглед на пристапот на апликациите до податоците и хардверот на уредите. Се додава исто така одржување на мобилната платежна платформа „Google Pay“, како и „USB Type-C“ порти.

Се разбира, не недостасуваат и амандманите за стабилност и безбедност на системот. Очекуваме уште вести наскоро.