07 Мај, 2024
0.0223

„Android“ со многу нови промени – Погледнете кои ќе се тие

Објавено во: Стил 26 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Помина речиси една година откако „Google“ официјално ја претстави моменталната верзија на Android - Lollipop, што значи дека е прашање на време да видиме и каква е следната голема надградба.

Следната недела е годишната конференција на „Google“, каде што обично се откриваат детали околу следната верзија на „Android“. Крајната верзија се обезбедува само на програмерите, затоа ние најмногу најверојатно ќе добиеме идеја само за најважните функции, пишува „Бизнис инсајдер".

Минатата година „Google“ го промени интерфејсот на „Android“ и го направи софтверот лесен за употреба.

Еве какви се очекувањата за новата верзија според бизнис изданието, базирани на различни гласини и информации.

Новата верзија ќе се вика најверојатно „Android M“ ... засега

При изборот на името од „Google“ обично го следат Азбучниот тренд, како и имињата на различните видови додатоци. Пример „Android“ 4.0 се нарекува „Ice Cream Sandwich“, следниот „Jellybean“, по неа „KitKat“ и последната континуирана верзија „Lollipop“.

Тоа значи дека следната верзија треба да почнува со „M“, но не е јасно за какво име ќе се одлучат. Од „Google“ исто случајно ја потврдија информацијата: „Моќта на „Android M“ предвидува и е насочена кон сите видови на работни места“.

Ќе овозможува да влегуваме во апликациите без да пишуваме лозинка.

Следната верзија ќе биде со функција која ќе ни овозможува да влегуваме во апликациите без лозинка. Оваа функција веројатно нема да биде достапна за сите мобилни телефони туку само за оние кои имаат отпечатоци за сензори - Galaxy S6, Galaxy S6 Edge, Galaxy S5, како и HTC One Max.

Ќе се фокусираат кон интелигентните функции

„Google“ веќе разработува нов софтвер кој ќе може да го напојува следниот бран на „паметни“ фрижидери и светилки. Ако тоа се покаже како точно ќе можеме да видиме како телефонот прави врска со некои од уредите по дома.

Ќе се бара поголема интеграција со „Android Auto“

Во декември од „Ројтерс“ напишаа дека се планираат измени, кои се поврзани со платформата за автомобил. Тоа сугерира дека ќе видиме повеќе функционалност во оперативниот систем кој ќе е оптимизиран за работа со „Android Auto“. Ова може да се промени, ако „Google“ одлучи да изгради цела платформа за автомобили.

Известувањата ќе се поинтелигентни

Нов систем за известувања, кој ќе ги обединува сигналите во сите платформи. Ако видите известување на вашиот лаптоп или десктоп, тој автоматски ќе исчезне од вашиот телефон, па да не ја бараме најстарата информација. Тоа е мала промена, која може да биде навистина корисна.