09 Мај, 2024
0.0250

Ангеловска: Албанија сака да го примени МојДДВ за сузбивање на сивата економија

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Албанија ги препознава и сака да ги искористи успешните мерки за сузбивање на сивата економија кои ги применуваме. За мерката субвенционирање на придонесите за покачување на плата на вработените, МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда стана збор на официјалната средба помеѓу министерката за финансии Нина Ангеловска и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај.

Министерката за финансии Ангеловска посочи дека најчесто учиме од најдобрите практики на другите земји и дека и ние имаме потенцијал да бидеме пример за најдобри практики на други земји во борбата против сивата економија. Таа  истакна и дека Министерството забрзано работи на акциски план и платформа за сузбивање на сивата економија, кои ќе ја адресираат сивата економија, особено во фискалниот дел.

На средбата, на која беа присутни и заменик министерката за финансии на Република Северна Македонија Ширет Елези и заменик министерката за финансии и економија на Албанија Белинда Икономи, стана збор за соработката помеѓу двете земји и за размена на искуства помеѓу министерствата за унапредување на системите за јавни финансии. Беше истакнато дека преку учење едни од други, ќе се применуваат добри практики во насока на градење подобри системи и економски развој.

Наскоро ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу двете министерствата, со што ќе се официјализира соработката и размената на искуства.

На состанокот стана збор и за процесот на евроинтеграции во Република Северна Македонија и Албанија и беа разменети соодветни искуства во однос на поглавјата кои се во надлежност на двете министерства. Беше истакнато дека за двете земји членството во ЕУ е приоритет.

Инаку, во трговската размена со Албанија во континуитет бележиме суфицит, но таа значително може да се подобри, бидејќи таа учествува само 1% во структурата од надворешно-трговската размена на земјава.


Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?