08 Мај, 2024
0.0265

Анѓушев на „Дигиталниот самит“ – Младите да се охрабрат да ги реализираат своите бизнис идеи

Објавено во: Економија 19 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Десет претприемачи од Република Македонија и од регионот, на вториот ден на „Дигиталниот самит“, во рамките на „Натпреварот за убедување“ (Pitching competition), имаа можност да ги презентираат своите бизнис идеи пред шестчлена жири комисија, во која учество зема и Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев.

Вицепремиерот Анѓушев го изрази задоволството од организацијата на овој настан и потенцираше дека е ова добра можност младите претприемачи да ги презентираат потенцијалите на своите старт ап компании.

„Економијата на Република Македонија треба да се базира на иновативни проекти, да биде движена од млади, едуцирани и креативни претприемачи. Ги повикувам сите луѓе со бизнис идеја да се охрабрат и да започнат со бизнис, затоа што сега, како никогаш досега, Владата ќе ги подддржи во реализацијата на идеите. Токму затоа во третиот столб на Планот за економски раст, предвидовме мерки со кои се овоможува силна поддршка на старт ап, малите и средни компани, а кои ќе се реализираат преку Фондот за иновации и технолошки развој. Веќе наредната седмица Фондот ќе го објави првиот повик за поддршка на микро, малите и средни компании, каде што ќе бидат наменети средства за поддршка на овие компании“ изјави вицепремиерот Анѓушев. 

Победникот на натпреварувањето, според оценките од жири комисијата, старт ап компанијата Meerkkido од Босна и Херцеговина, доби награда во форма на ваучер со кој се овозможува учество на глобалнaта конференција „1 Million Start Ups“, која ќе се одржи во Виена во септември оваа година.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување