29 Април, 2024
0.0302

Анѓушев на средба со ММФ: Економијата расте, невработеноста опаѓа

Објавено во: Финансии 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев оствари средба со Џесмин Рахман, шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд и Себастиан Соса, раководител на канцеларијата на ММФ за Република Македонија, во рамки на годишната мисија на ММФ за спроведување на годишниот економски преглед.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека во првиот квартал на 2019 година забележан е силен раст на Бруто домашниот производ од 4,1%, како резултат на континуирани и комплементарни економски мерки со кои се стимулираат нови инвестиции, технолошки развој и внесување на иновации во компаниите, отворање на нови работни места и повисоки плати.

Вицепремиерот дополни дека растот на БДП во првиот квартал е резултат на реалната економија, растот на индустриското производство од 6,7%, растот на извозот на компаниите од 14,7%, отворените над 50.000 работни места во последните 2 години, од кои 16.700 само во првиот квартал на 2019 година, како и раст на платите од околу 6 отсто на годишно ниво.

За време на состанокот од страна на вицепремиерот Анѓушев беа презентирани мерките од програмата за економски реформи 2019-2021, со кои дополнително ќе се подобри бизнис климата во земјата и ќе се стимулира повисок и одржлив економски раст на земјата.

Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Рахман, информираше дека се отвора нова регионална канцеларија на резидентен претставник за зајакнување на односите со Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, со седиште во Виена. Со оваа канцеларија ММФ тежнее за одржување на блиски релации со четирите земји, како и со донаторите, меѓународните институции, вклучувајќи ја и Светска банка и австриската Влада, која е важен трговски и развоен партнер на регионот на Западен Балкан.

Новата регионална канцеларија ќе биде раководена од Стефани Ебле, која во моментов е шеф на мисијата на ММФ за Косово. Ебле претходно работела на Украина, Грција, Србија и Босна и Херцеговина. Таа ќе ги надгледува локалните тимови во постојните канцеларии во Албанија, Косово и Македонија, кои ќе продолжат со работа и понатаму, се наведува во соопштението на ММФ.


Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување