06 Мај, 2024
0.0234

Анѓушев најави поддршка за текстилната и кожарската индустрија-овој сектор сеуште со најниски плати

Објавено во: Економија 06 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Инвестиции, поддршка и зголемени плати во текстилската и кожарска индустрија најавени денеска од Штип.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев при денешните посети на две фабрики Штип испрати надежни пораки а за да се движат напред текстилната и кожарската индустрија според Анѓушев потребно е да се зголеми нивото на автоматизацијата и технологијата на работа.

„Државата ќе помогне со новиот закон на којшто дадовме амандман и поволности да кожарската и текстилната индустрија добијат поврат на инвестицијата, без задоволување на критериумите како другите индустрии. Тоа е многу важно. Исто така, во законот и во мерките кои се предвидени преку Фондот за иновации и технолошки развој, се отвора простор за правење нови колекции, како и изградба на развојни центри во делот на текстилот“, кажа Анѓушев .

Недостигот, според Владата која крои мерки за подобрување на овие два сектори, на работна сила ќе се решава со зголемени плати.

Според Анѓушев со тие мерки ќе се овозможи поврат во висина од 10% од инвестициите кои ќе ги реализира компанијата, дополнителни 10%, доколку со тие инвестиции се овозможи зголемена конкурентност на нови пазари. 

Дополнително, во насока на растот на платите на вработените во индустријата и поттикнување на нови вработувања, Владата ќе овозможи поврат од 20% од исплатена нето плата повисока од 18.000 денари, за нововработените лица.

Текстилството и кожарската индустрија се уште се на листата најслабо платени сектори во државата, а текстилните работници се најмалку платени а некои од нив не земаат ниту минимална пропишана плата .

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот