04 Мај, 2024
0.0279

Антикорупционерите ги отфрлија приговорите против Арсовска и Димитриевски од Левица и СДСМ

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Антикорупциска комисија ја отфрли претставката на Левица во однос на финансирањето на предизборната кампања на независната кандидатка поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска. 

Антикорупционерите ги отфрлија приговорите на Левица и СДСМ но им заблагодари дека укажале на ризици од корупција. Димитар Апасиев ја пријави независната кандидатка за градоначалник на Скопје Данела Арсовска дека без официјално потпишан договор со ВМРО ДПМНЕ, незаконски го користела просторот и средствата за рекламирање на партијата. ДКСК по проверките заклучила дека Арсовска немала обврска да има писмен договор за отстапување на медиумски простор но и дека тоа и овозможило фаворизирање. 

СДСМ пак пред Антикорупциската Комисија го оспори рекламирањето на својот некогашен член и актуелен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски. Партијата поднела приговор наведувајќи дека Димитриевски добил повеќе рекламни паноа и билборди отколку што му следува. Општина Куманово пак одговорила дека им останале неискористени билборди, па оттаму останатите кандидати за градоначалник меѓу кои и независните како Димитриевски имале право да ги искористат. Антикорупциска, иако го отфрли приговорот, дојде до заклучок дека во Изборниот законик нема критериуми за распределба на неискористениот рекламен простор. Претседателката на Комисијата Ивановска законите ја отежнуваат регулацијата на рекламирањето.

За сите слабости кои ги констатираат Антикорупционерите најавија дека ќе спроведат антикорупциска проверка, а своите заклучоци ќе ги наведат во посебниот извештај кој по изборите ќе го достават до Собранието.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин