26 Април, 2024
0.0283

АНТИВАКСЕРСКА ПАРТИЈА ВЛЕЗЕ ВО ПАРЛАМЕНТОТ - неочекувано освои шест отсто од гласовите во Австрија

Објавено во: Свет 27 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

 „Луѓе, слободи, основни права“ е името на новата политичка партија воп Австрија, која се противи на рестриктивните мерки против коронавирусот.

Таа партија неочекувано постигна успех на покраинските избори во Австрија и влезе во парламентот со повеќе од шест проценти од гласовите, покажуваат првите изборни резултати, пренесува Блумберг.

Партијата била основана во февруари како одговор на одлуките на владата за воведување мерки во борбата против пандемијата, а водеше кампања за изборите во Горна Австрија главно преку социјалните мрежи. Нивните активисти не веруваат во ефикасноста на вакцината и се противат на секоја обврска за вакцинација. Основачот на партијата поднесе тужби до Врховниот суд за поништување на законот, кој го оцени како „убиство на слободата“.
Инаку, Австрија постепено ги заострува здравствените мерки што ги воведе минатата пролет. Од октомври, само вакцинираните луѓе и оние кои го прележале вирусот ќе можат да ги посетуваат стадионите и салите за настани во Виена. Невакцинираните нема да можат дури и со негативен тест. Анкетата покажува дека половина од невакцинираните гласачи гласале за екстремно десничарската ФПО и една четвртина за МФГ, односно „Луѓше, слободи и основни права“.

Австрија, каде што нешто повеќе од 60 проценти од населението е целосно вакцинирано и е една од најбогатите земји во светот, напредува бавно со вакцинацијата.
Причината за ваквото слабо темпо на вакцинација, конзервативниот канцелар Себастијан Курц ја става на поддршката што ФПО им ја дава на движењата кои се сомневаат во постоењето на коронавирусот и веруваат во теории на заговор.

Можеби ќе ве интересира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката