27 Октомври, 2021
0.0223

АПАСИЕВ ГО ПРОГЛАСИ ПОПИСОТ ЗА МРТОВ: Стотици илјади Македонци одбиваат да се попишат

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2021

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го прогласи пописот за мртов, појаснувајќи како неуспешно, како што вели, се фалсификува статистичката операција. Вели дека скопските општини се само половично попишани, а пописот најмногу се бојкотитра во Аеродром, каде цели згради остануваат непопишани.

-Еве како иде неуспешното фалсификување на ПОПИСОТ (инфо од прва рака, од нашите инфилтратори на терен):

1. На пет дена пред крајот на Пописот, скопските општини се само половично попишани (во бојкотот дефинитивно води општина Аеродром), каде цели згради одбиваат да се попишат - види видео во коментар.

2. Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени во МК и пак се попишуваат втор пат - системот не ги дава како попишани!?

3. Човек се попишал во Австрија, сега од дома - жена му го повторно го попишува како да е тука (системот не го дава дека е двојно попишан)!?

4. Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години - маж, жена и две деца - дедото ги попишува дека се тука (системот не ги дава дека се веќе попишани)!?

5. Планот за фалсификување на пописот дефинитивно им е пропаднат! Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат (оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат). Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат - па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект.

6. Планираат подоцна, од вака скрпените податоци, истите да ги пополнуваат вештачки - преку разни регистри и застарени „бази на податоци“! Но, тука им се јавува еден огромен проблем - им фалат личните изјаснувања (за јазик, припадност, религија и сл.), па добиле инструкции од раководните луѓе на ДЗС буквално да ги фалсификуваат на своја рака - за што, накнадно, ќе си одговараат кривично.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Пописот 2021 го прогласум за умрено!

#НеОтворамВрата



Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада