03 Мај, 2024
0.0278

Апелација да ја преиспита условната казна за сообраќајката кај Млечен: Во сабота мото протест

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Мото протест против неказнивоста за сторителите на тешки дела во сообраќајот ќе се одржи во сабота на 19 декември на пладне. Од мото клубовите велат дека причина за протестот е условната казна за судски прогласениот виновник за смртта на мотоциклистот Гоце Димитриевски од Тетово во сообраќајка кај скопски Млеченво која тешки повреди имаше и неговата сопруга Наташа, која поради тоа го изгуби и нероденото бебе. 

Со мото протестот, ние, мото клубовите и поединци од Македонија, сакаме да ја предупредиме јавноста и институциите дека владее недозволива неказнивост на сторители на тешки кривични дела кои завршуваат со смрт во сообраќајни несреќи каде инволвирани се мотоциклисти. Сообраќајните незгоди можат да му се случат на секого, вклучувајќи не и нас мотоциклистите, но секој треба да одговара за своите постапки. Во изминатите години сме сведоци на многу случаи во кои мотоциклисти гинат на патиштата низ Македонија, а одговорните лица не ја добиваат заслужената казна, велат во најавата. 

Велат дека овој мото протест е и опомена до судовите и обвинителствата но и апел до Апелационите судови, вклучувајќи ја и скопска Апелација, да ја преиспитаат пресудата за како што велат, нивниот брат Гоце настрадан кај Млечен.

Се поаѓа од 12 часот од Веро Тафталиџе, потоа ќе се блоки една лента (со пауза од една минута молчење/или турирање, да му се одаде почит на загинатиот)

За во 12:30 е планирано да се блокира булеварот пред Основен Суд Скопје 1.

Можеби ќе ве интересира

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ