30 Април, 2024
0.0252

„Apple“ ќе ја замени бесплатно камерата на одреден број „iPhone 6 Plus“

Објавено во: Стил 22 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Ако имате „iPhone 6 Plus“, кој сте го купиле помеѓу септември 2014 година и јануари 2015 година и правите фотографии со флеки од главната камера, тогаш може да добиете бесплатна замена на камерата од „Apple“.

Компанијата утврдила дека ограничен број уреди вклучуваат компоненти, кои можат да се оштетат и тоа да го влоши квалитетот на сликите. На сајтот на „Apple“ може да проверите дали серискиот број на телефонот спаѓа во погодената серија. Програмата ја покрива камерата на „iPhone 6 Plus“ за 3 години по лансирањето на продажбата на телефонот.

Ако тоа е така, треба да најдете центар на „Apple Authorized Service Provider“, кој ќе ја провери камерата и процени дали таа ги исполнува критериумите за вклучување во програмата за замена. Имајте на ум дека ако телефонот има други оштетувања, кои ја спречуваат замената на камерата, тие мора да бидат отстранети однапред. Компанијата наведува дека може да ја ограничи поправката само во оригиналната страна на купувачите, но за купени телефони во ЕУ сервисот е достапен и во останатите земји членки.