06 Мај, 2024
0.0234

Apple Republic новиот јужен сосед на Македонија

Објавено во: Економија 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Шегата дека Apple треба да ја купи Грција со слободните средства, наскоро нема да исчезне. И сепак е вистина дека ако американските корпорации и европските политичари имаа малку повеќе фантазија, веројатно можеа да измислат спасувачки план за речиси банкротираната држава под услови кои требаше да ги задоволат сите. На генералното собрание на Apple во 2012 година еден од инвеститорите го прашува Тим Кук, извршниот директор на компанијата, дали некогаш размислувал да ги користи зголемените парични резерви на Apple - во тој момент 97,6 милијарди долари, за да се здобијат со Грција. "Сме разгледувале многу варијации", но не и оваа, истакна тогаш Кук. Цели држави не можат да бидат купени, се разбира, дури и во литературата. Во "Бизнисот" на Иан Банкс слична зделка навистина се случува, иако целта на стекнување е затскриена монархија во Хималаите, а не стара демократија како Грција. И така, сите се насмеаа добро и продолжија напред. Работите за Грција малку се подобрија, кога го доби најголемиот спасувачки заем во историјата, а приватните кредитори се согласија да ги намалат долговите. Но економијата на земјата се уште не успева да забележи раст, а долгот кој сочинува 175% од економскиото производство, се задржува на истото ниво. Во меѓувреме Apple ги зголеми резервите повеќе од два пати, а во моментов паричните средства и еквиваленти изнесуваат 194 милијарди долари. Компанијата исплаќа дарежливи дивиденди и си купува назад акции, но купот пари продолжува да расте. Нема како таа да инвестира сè. Години наназад Кук зборува за неверојатни производи кои компанијата ги подготвува. Засега таа успеала да презентира само подобрувања на веќе постоечките производи, обична услуга за стриминг на музика и преценет паметен часовник, а сето тоа дури и не бара којзнае каков капитал. Освен ако Apple не почне да прави автомобили, или можеби вселенски бродови, таа ќе продолжи да трупа парични средства. Како и другите големи американски компании всушност. Според извештај на Moody's Investor Services нефинансиските американски компании држат околу 1,73 трилиони долари во кеш, 4% повеќе во споредба со минатата година, а 1,1 трилиони долари од оваа сума припаѓаат на 50-те најголеми компании. Apple, Microsoft, Google, Pfizer и Cisco се стекнаа со околу 439 милијарди долари. Повеќето од овие средства се надвор од земјата, бидејќи ако бидат репатрирани во САД ќе бидат оданочени со 35% данок. Трошењето, па дури и нивното враќање на акционерите, е болно. Никој не очекува САД да го реформира даночниот систем и да се реши овој проблем во скоро време. Затоа идејата дека петте најголемите сопственици на парични средства можат да ја спасат Грција и да направат добро за самите себе, е се повеќе интригантна. Грција има потреба од околу 190 милијарди евра (212 милијарди долари), за да го намали долгот до повеќе податливо ниво од 70% од бруто домашниот производ (БДП). Тоа се околу 48% од паричните резерви на петте компании заедно. За да го отплати долгот, Грција ќе мора да им предложи посебен договор за данок на добивка, слично на она што Apple го склучи со Ирска. Овој договор во моментов се истражува од Европската комисија (ЕК), но веројатно ќе биде осуден. И сепак случајот со Грција е поинаков. Европската унија (ЕУ), како еден од најголемите кредитори на земјата, може да е склон да направи посебен исклучок за американските компании, кои ќе се обидат да и помогнат на Грција. САД може и да има некои забелешки, но како најголем акционер во Меѓународниот монетарен фонд исто така најверојатно ќе загуби доста пари од обврските на Грција. Дестабилизација од евентуален Grexit исто така не е од интерес за земјата. Во замена за помалку од половина пари, и само со 13% повеќе, ако одлучат да плаќаат даноци во САД, компаниите можат да добијат неограничена железна гаранција за пониски даноци на американските операции. Што не е воопшто лоша зделка. Грција, од своја страна, ќе добие олеснувања на долгот и европските централи на компаниите. Многу извршни директори најверојатно ќе се радуваат да се преместат повеќе на југ, а Грција ќе лансира моќни технолошки кластери, кој ќе привлечат и други компании и ќе создадат нови работни места во областа на услугите. Со слична помош грчката влада најверојатно ќе може да си дозволи да не е толку строга како што доверителите сакаат да биде. Но сепак, ќе мора да ги реформира неефикасните јавни услуги и да обезбеди поволна бизнис средина, за да не ги испушти очигледните придобивки да работи со технолошките гиганти. Сличен спасувачки план најверојатно ќе добие одобрение од грчкиот народ, ако биде предложен на референдум. Сè што е потребно за да функционира е малку флексибилност. За жал, сепак тоа е квалитет кој очигледно недостасува на секој вмешан во грчката криза. Наместо тоа, Грција ќе продолжи да оди кон банкрот, а американските компании да акумулираат парични средства, кои не знаат како да потрошат. K.K.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот